Седумгодишно момче од Дебар вчера доцна попладне е повредено во сообраќајка што се случила на улицата „Зија Мерсоски“ во населбата „Венец 1“, кога во него удрило патничко возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар.

-Од ударот момчето се здобило со повреди, по што било пренесено во Општата болница во Дебар и било задржано на лекување. На местото на настанот увид извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност во Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2019 14:17