Полицијата трага по двајца малолетници, 14-годишно девојче и 15-годишно момче кои биле во љубовна врска и побегнале од дома, бидејќи родителите им бранеле да живеат заедно.

Во саботата вечерта во 22:00 часот во полициската станица Куманово 44-годишниот Р.Х. од Куманово пријавил дека неговата 14–годишна ќерка се одалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во полициската станица Велес, 40-годишниот Т.Ј. од Велес пријавил дека околу 19:00 часот во неговиот дом дошло токму пријавеното девојче од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот 15-годишен син. Девојчето и предходно повеќе пати доаѓало кај нив.

Како што појасни портпаролотна СВР Велес Верољуб Додевски, двете деца му кажале на таткото дека сакаат да живеат заедно.

-Тој им рекол дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. Потоа, тие излегле од домот и заминале во непознат правец, информира Додевски.

СВР Велес,презема мерки за пронаоѓање на децата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 03:11