Судот во Крајстчрч обвини 18-годишно момче поради реемитување на снимката која ја емитуваше во живот напаѓачот на две џамиии во тој град, при што уби 50 лица.

Судот не дозволи објавување на идентитетот на момчето, кое исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради тоа што објави фотографија од џамијата Ал Нур во Крајстчрч, со текст: целта е погодена. За секое од обвиненијата може да биде осуден на по 14 години затвор. Судијата одби да го ослободи од претвор со кауција, поради што, момчето ќе остане таму до следното рочиште на 8 април.

Истражителите наведуваат дека засега не постои сомнение дека обвинетиот за реемитување бил директно вклучен во нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 10:32