Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел денеска денеска го критикуваше недостигот на стратешко и геополитичко сфаќање на Европејците кон Кина.

Пред средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, Кнајсел оцени дека Унијата би требало да се посвети на големите геополитички промени. Според неа, азиско-пацифичкиот простор добива на значење, а Кина веќе долго не е само инвеститор, туку и геополитички актер.

Според неа, ЕУ би морала да биде попаметна и брза за да создава „европски шампиони“. Кнајсел посочи дека станува збор за политика на конкурентност и начин на правилно дејствување на Европската комисија.

Австриската министерка упати критики поради тоа што ЕУ нема заедничка стратегија за соработката со Кина, дополнувајќи дека постои формат „16 плус еден“ за одредени партнерства, што создава паралелни акции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 15:12