[photo]
Главен осомничен за нападот во Утрехт е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица, соопшти холандската полиција.
Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.
Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.
Неколку часа по пукањето во трамвајот, при што загина едно лице, а неколку мина се повредени, во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.
Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.