Француската федерација на осигурување (ФФО) проценува дека штетите предизвикана за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција изнесува 170 милиони евра, во што не се пресметани последните оштетувања од минатата сабота на авенијата Шанзелизе, јави дописникот на МИА.

Според ФФО ,досега се доставени 10.000 барања за отштета, при што се проценува дека 30 до 40 отсто од претпријатијата немале полиси кои гарантираат покривање на намалување на приходите.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека не сака трговците да банкротираат поради оштетувањата и насилствата за време на протестите со движењето на „жолтите елеци”.

На крајот на февруари, Ле Мер процени дека протестите на „жолтите елеци” ќе резултираат со помал раст на француската економија од 0,2 процентни поени, што според него, претставува „многу висока“ цена.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2019 16:14