Браќата Мартин и Стефан или во јавноста познати како Некст Тајм на својот фејсбук профил најавија промоција на нова преработка на стара македонска песна со видео спот - „Нешто ќе те питам бабо“
„СО ГОРДОСТ ВИ НАЈАВУВАМЕ ПРОМОЦИЈА ЗА НОВ ВИДЕО ЗАПИС, ЗА УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА "НЕШТО ЌЕ ТЕ ПИТАМ БАБО" ПОНЕДЕЛНИК 25.03.2019 СО ПОЧЕТОК ВО 20:00 ЧАСОТ, ДРАМСКИ ТЕАТАР(КАРПОШ) СКОПЈЕ. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ И ПОДРЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА И НЕКСТ ТАЈМ. ВЕРУВАМЕ ДЕКА И ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ ВЕ НАПРАВИМЕ ГОРДИ И ЌЕ ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗАЕДНО!!!“ стои во фејсбук објавата на Некст Тајм.
После двете фантастични препеви и квалитетни спотови за песните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, македонската јавност очекува повторно да види ново ремек-дело од братското дуо.