ОЈО-Скопје води истрага против тој државјанин на Косово, осомничен за кривично дело „неовластено произведство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 17 март околу 20 часот во близина на граничниот премин Блаце тој неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана наменета за продажба.

– Дрогата со вкупна тежина од 14080,8 грама била ставена во две јутани вреќи кои осомничениот ги носел со себе, соопшти ЈОРМ, додавајќи дека притворот за осомничениот е предложен поради околности кои укажуваат на опасност тој да избега или да го повтори кривичното дело.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 11:39