Висока американска претставничка за контрола на оружје денеска изјави дека иранската ракетна програма го дестабилизира Блискиот Исток и го зголемува ризикот од „регионална трка во вооружување”.

Илем Поблете, помошничка на државниот секретар за контрола на оружје, на конференцијата за разоружување во организација на ОН изјави дека Вашингтон агресивно ќе се спротивстави на „иранското регионално ширење на балистички ракети и неговиот незаконски трансфер на оружје”.

Таа ги повика „сите одговорни земји” да ги спроведат резолуциите на Советот за безбедност на ОН за ограничување на трансферот на технологии поврзани со ракетната програма на Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 13:33