Британската премиерка Тереза Меј денеска или утре ќе испрати писмо до претседателот на Европски совет Доналд Туск во кое ќе бара одложување на Брегзит, изјави портпаролот на Меј.

Британската премиерка се надева дека британскиот Парламент ќе го одобри нејзиниот план за Брегзит, како и условите поставени од ЕУ пред одржувањето на Самитот на Унија в четврток, на кој се очекува лидерите на ЕУ да разговараат за пролонгирање на Брегзит.

Велика Британија официјално треба да ја напушти ЕУ на 29 март.

Секое пролонгирање треба да биде одобрено од сите 27 земји членки на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 17:59