Неколку стотици американски војници денеска пристигнаа во Германија во прв тест на стратегијата за брзо распоредување, која има за цел јакнење на присуството на НАТО во источна Европа во случај на руска агресија или други вонредни ситуации.

Армијата на САД во Европа соопшти дека 350 војници од Првата оклопна дивизија денеска пристигнале во Берлин како дел од група од 1.500 луѓе која ќе стигне оваа недела.

Тие се упатиле кон Полска, каде ќе се поврзат со тенковски и други тешки единици кои се доведени од нивните претходно одредени позиции во Холандија, а потоа ќе спроведат маневри со полските сили.

Идејата за стратегијата за „динамично ангажирање на силите“ е „силите подготвени за борба брзо да се насочат“ во Европа доколку тоа биде потребно.

САД, Канада, Германија и Британија веќе командуваат со единици со големина на баталјон во Полска, Летонија, Литванија и Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2019 18:14