Синојќа на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на „Макоил“ се случи тешка сообраќајна несреќа, пренесува Канал 5.

-Во сударот на автомобил Мерцедес, кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф, кое се движело по улицата Скупи, Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел, велат очевидци за Канал 5.

Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките, додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 05:17