Спорот меѓу шпанските власти и сепаратистите во Каталонија поради жолтите ленти, кои станаа симбол на сепаратистите, се разгорува пред претстојните избори во април.
Каталонската Влада не ја послуша наредбата од Избирачкиот одбор во Мадрид за отстранување на големите жолти ленти од јавните згради.
Регионалниот претседател на Каталонија Квим Тора, кој секогаш носи жолта лента на реверот, тврди дека не било можно да се отстранат сите ленти до вчера, кога беше поставен крајниот рок за тоа.
Избирачкиот одбор, пак, тврди дека лентите се неприфатливо средство на политичка пропаганда и го отфрли барањето на Тора за продолжување на рокот.