Земјотрес со интензитет од 5,8 степена според Рихтерова скала утрово е регистриран во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).

При земјотресот повредени се 19 луѓе, а причинета е и извесна материјална штета.

Епицентарот на земјотресот беше на 236 километри југоисточно од Измир, на длабочина од два километри.

Регистрирани се уште три последователни земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 4,5 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2019 14:55