Родителите постојано „им одржуваат лекции“ на своите деца – не се тепај со брат ти, работете напорно, говорете ја вистината, не јадете жолт снег, облечете се во чиста облека…
Но, кои поуки навистина ќе им послужат во животот? Што е она што се издвојува од останатото? Порталот „Патеос“ објави топ 4 листа поврзана со тоа.
Одмерени и правилни постапки, дури и ако тие не се „популарни“ Прифаќањето на лудориите на „популарните“ другарчиња заради подобро вклопување во околината, како и поистоветувањето со контроверзните славни личности, многу лесно може младата личност во развој да ги насочи во погрешен правец на самоидентификација.
Биди свој и не ги споредувај своите способности и умешности со туѓите Не го споредувајте детето дури ни со повозрасните членови на семејството. Така кај него се јакне чувството на оригиналност и самодоверба, а се минимизираат љубомората и фрустрациите подоцна во животот.
Почитувај го соговорникот Човекот од најмали нозе треба да знае дека со личноста спроти него / неа, секогаш треба да се однесува со еднаква почит, трпение и достоинство.
Никогаш не откажувај се Упорноста и вербата околу она што искрено се сака, на овој или оној начин, секогаш се исплатува. Животот носи многу подеми и падови, но станувањето по секој пад нѐ прави помудри, поумешни, поискусни и посилни.