Во ТЦ „Сити мол“ од денеска до 21 април ќе биде поставена патувачката изложба „Во земјата на змејовите” која досега гостувала во неколку европски градови.

Изложбата на креативен и оригинален начин ги претставува змејовите – познати фантастични ликови од приказните и митовите. Изложени се огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи…

Во рамки на изложбата ќе бидат органиизрани и едукативни тури за најмалите секој петок од 18 до 20 часот, сабота и недела од 13 до 15 и од 18 до 20 часот. Работилници за деца ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 16:59