Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје, А.О. (25) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16 часот на булевар „Крсте Мисирков“ била физичка нападната од А.М., со кого претходно била во љубовна врска.
Според пријавеното, додека А.О. се движела кон своето возило во гаража на трговски центар, била пресретната од А.М., кој физички ја нападнал и насилно ја внел во неговото возило и ја однел во својот дом, но потоа ја пуштил да си оди.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.