На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи „Пчеларски саем на Македонија“.

На штандовите ќе бидат изложени мед и пчелни производи од државата, а ќе има и штандови со пчеларска опрема.

Саемот се одржува првпат во последните 30 години, а главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Домаќин на дводневниот настан е Град Скопје, а организатор Пчеларската федерација на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2019 10:50