Напаѓачите на мојот син ќе се спасат благодарение на високата позиција во МВР на нивниот татко, пишува во својот фејсбук статус Гоце Филиповски, родител на 27-годишниот Филип, кој во петокот вечерта беше прободен со нож во кафеана во селото Марино.
Мојот син се бори за живот со тешки оштетувања, извршителите се две деца од Петровец, едниот син на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првичните информации – обид да се изменат изјавите на децата сведоци, кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде што директно беа посочени сторителите, пишува Филиповски.