Браќата Стефан и Мартин од „Некст тајм“ се надминаа себеси. Со фантастична преработка на песната „Нешто ќе те питам бабо“ ги разбудија емоциите и кај присутните на промоцијата во Драмскиот театар но предизвикаа и лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи.
Аранжманот на песната е на Никола Мицевски додека режисерската палка беше под водство на Огнен Шапковски.
Дефинитивно после оваа изведба, „Нешто ќе те питам бабо“ ќе продолжи да живее низ многу генерации.
Секоја чест момци