Првата прошетка во Вселената, во која би учествувале само жени е откажана поради проблеми со скафандерот, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Ени Меклајн и Кристина Коч в петок требаа да инсталираат литиум-јонски батерии на Меѓународната вселенска станица. Но, постои само еден скафандер со големина „М“, кој одговара за двете жени. Поради тоа Коч в петок ќе излезе во Вселената со својот колега Ник Хаг.

– Со оглед дека само еден скафандер со големина „М“ може да биде готов до петок 29 март, ќе го носи Кристина Коч, се наведува во соопштението од НАСА.

Меклејн, која тренираше во скафандер со големина „М“ и скафандер со големина „Л“, по минатонеделната прошетка низ Вселената, сфати дека скафандерот со средна големина најмногу и одговара.

НАСА има два скафандера со големина „М“, но едно од тие двете треба правилно да биде конфигурирано за прошетка по Вселената. Бидејќи потребни се многу часови за да се изработи скафандер НАСА одлучи дека полесно и побезбедно е да ги смени астронаутите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 13:38