Околу 10.000 луѓе денеска демонстрираа во главниот град Ингушетија, Магас, против договорот за размена на територии со соседна Чеченија.

Демонстрантите се собраа на главниот плоштад, бидејќи се противат на Договорот потпишан минатата година меѓу Ингушетија и Чеченија за размена на ненаселени парцели на земјоделско земјиште.

Многумина од Ингушетија, на рускиот Кавказ, сметаат дека властите ги предале нивните интереси со тој договор.

И покрај масовните протести, Договорот беше потпишан минатата година и со пресуда на рускиот Уставен суд беше прогласен за важечки во декември.

Чеченија и Ингушетија, две руски автономни републики со претежно муслиманско население, иако делат ист јазик, се длабоко поделени во врска со земјата, но и за други спорни прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 16:44