ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска беше во улога на еко-мотиватор во рамките на проектот „Денови на екологијата: Онлајн со природата“, што во периодот од 19 до 30 март се одвива во општината Бутел.

Учениците од ОУ „Лиман Каба“ во с.Љуботен организираа едукативна еколошка манифестација, а нашата Служба за едукација им помогна во изработката на цртежи и скулптури на темата „климатски промени“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 16:49