Хамас се согласи со планот за прекин на огнот со Израел, изјави денеска високиот претставник на ова палестинско радикално движење, Исмаил Радван.

– Постојат египетски и меѓународни напори да се спречи агресијата. Посветени сме (на прекинот на огнот) се додека Израел го почитува договорот, изјави Радван.

Најавата на Радван следи откако неименуван израелски официјален претставник попладнево соопшти дека не е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

– Нема договор за прекин на огнот. Не е готово, изјави неименуваниот извор, додавајќи дека Израел е подготвен за уште посилни напади.

Извори од Појасот Газа претходно соопштија дека условот на Израел за прекин на огнот бил престанување на сите палестински акции долж граничната ограда, вклучувајќи го и пуштањето на балони со запалив материјал и планираниот протест на границата в петок, по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на масовните демонстрации против Израел и израеслко-египетската блокада за Газа.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 01:08