Владата на САД немала ништо со упадот во Амбасадата на Северна Кореја во Мадрид, соопшти портпаролот на американскиот Стејт департмент Роберт Паладино.

Шпански суд претходно обвини три лица со потекло од САД, Мексико и Јужна Кореја, дека биле дел од група од десет луѓе кои упаднале во Амбасадата на Северна Кореја во Шпанија во февруари оваа година.

Судијата во Националниот Суд Хосе де ла Мата соопшти дека се пронајдени докази за многу кривични дела, вклучувајќи влез на приватен посед, кражба, закани, повреди и друго, а кои ги извршила „криминална организација“. Тој додаде дека строителите украдените документи им ги понудиле на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Упадот во Амбасадата на Северна Кореја се случи на 22 февруари, а извршителите украле компјутери и документи откако го врзале персоналот на Амбасадата.

Повеќе групи преку Интернет преузедоа одговорност за упадот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 12:08