Долниот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинство имаат демократите, не успеа да го поништи ветото на претседателот Доналд Трамп на резолуцијата усвоена во двата дома на Конгресот за укинување на вонредната состојба на јужната граница.

За поништување на ветото на Трамп гласаа 248 членови, додека 181 беа против, што е 38 гласови помалку од неопходното двотретинско мнозинство.

Трамп одлуката за вонредната состојба ја донесе во февруари, тврдејќи дека постои гранична и хуманитарна криза која му овозможува да префрли 3,6 милијарди долари од други владини проекти, за да ја плати изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

И Долниот дом, кој го предводат демократите, и Сенатот, во кој мнозинство имаат републиканците, одобрија закон со кој се отфрлува таков потег, воглавно наведувајќи го како причина несогласувањето со тоа претседателот да донесува одлуки за трошењето пари кои би требало да го донесува Конгресот.

Ветото на Трамп на одлуката на Конгресот е прво откако стапи на должност во 2017 година.

Во меѓувреме, вршителот на должност секретар за одбрана Патрик Шенахан одобри милијарда долари од воени извори за почеток на изградба на нова бариера на американско –мексиканската граница.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 13:56