Членките на НАТО ја милитаризираат областа на Црно Море и ги зајакнуваат своите активности за собирање разузнавачки податоци или ги шпионираат границите на Русија под изговор на „митските руски закани“, изјави денеска заменикот-министер за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

– Под изговор дека се спротивставуваат на митската руска закана, НАТО ја шири својата воена присутност во источна Европа, милитиризајќи го црноморскиот регион и зајакнувајќи ги своите активности на прибирање разузнавачки податоци на границите на Русија. западните сојузници не само што ја јакнат својата политика, туку и ги развиваат своите воени способности преку демонизирање на одредени земји, изјави Грушко на конференцијата на ОБСЕ за плановите за паневропска и евроазиска безбедност, која се одржува во Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 17:52