Вкупно 13 лица загинаа денеска при уривање на казахстански воен хеликоптер за време на воена вежба.

– Хеликоптер на Министерството за одбрана се урна во регионот Кизилорда. Екипажот на хеликоптерот загина. Наредив започнување истрага. Мое сочувство до семејствата на загинатите. За нив ќе биде обезбедена материјална помош, објави на Твитер казахстанскиот претседател Касим-Жомрат Токаев.

Казахстанското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот од типот Ми-8 се урнал за време на лет од градот Актау во западен Казахстан кон Шимкент на југоистокот на земјата.

Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 18:06