Спотот за новата преработка на момците од дуото „Некст Тајм“, „Нешто ќе те питам бабо“ е најгледаното видео во нашата земја. Така покажуваат и бројките на Јутјуб со што го вметнува во категоријата „трендинг 1“.
За само три дена видеото на Мартин и Стефан е прегледано околу 400.000 пати, што е навистина фасцинантна бројка за толку кратко време.