Бродот што синоќа беше преземен од мигранти во близина на брегот на Либија денеска пристигна на Малта во придружба на малтешката армија, која ја врати контролата над бродот.

По пристигнувањето на Малта полицијата уапси четворица мигранти под сомнение дека го организирале киднапирањето на бродот.

Повеќе од сто мигранти синоќа киднапираа карго брод што се обидувал да ги спаси во близина на брегот на Либија, барајќи од екипажот да ги превезе до Малта. Се претпоставува дека мигрантите одлучиле да го киднапираат бродот откако екипажот им соопштил дека ќе ги вратат назад во Либија.

Тоа е прв случај мигранти да киднапираат брод.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 11:53