Најмалку осум луѓе загинаа во денешната експлозија на автомобил бомба, што одекна во близина на хотел и ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Од експлозијата уништени се два ресторана и возила кои биле паркирани во близина.

Полицискиот претставник Мохамед Хусеин изјави дека според досегашните информации при нападот загинале осум лица, а 12 се повредени.

Тој додаде дека најверојатно ќе се зголеми бројот на жртвите.

Засега никој не презеде одговорност за нападот. Екстремистичката група Ал Шабаб често извршува напади во тој реон.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 14:12