Австрија бара исплата на отштета од шефовите на 14 изборни комисии поради повторување на вториот круг претседателски избори во 2016 година.

На претседателските избори вториот круг гласање мораше да биде повторено поради неправилности кои беа воспоставени, особено во некои општини.

Градоначалникот на Филах, Гинтер Албел, кој во јули минатата година беше осуден поради неправилности во вториот круг од претседателските избори, треба да плати 36.000 евра.

Како што изјави неговиот адвокат Мајнхард Новак, Албел добил писмо од финансиските власти во кое е наведено дека неправилностите во неговиот изборен реон придонеле за поништување на гласањето и дека со тоа и причинил штета на државата во висина од 8,47 милиони евра.

Финансиските власти побараа од Албел и од шефовите на 13 изборни комисии до јуни да ја платат отштетата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 14:47