Британскиот пејач Ед Ширан (28), едно од најголемите имиња на светската музичка сцена, откри дека на училиште бил малтретиран.

Како дете, тој бил низок, имал портокалова коса, носел очила и пелтечел, па врсниците често го провоцирале и исмејувале.

– Понекогаш и плачев на пат кон училиштето. Ги мразев и излегувањата во основно. Кога се запишав во средно, почнав да свирам гитара во бенд, станав посамоуверен и посреќен оти правев нешто во што бев прилично добар, изјави Ширан.

Тој смета дека токму таа негова различност го довела до успех и дека луѓето го помнат токму затоа што е „чуден и поинаков“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 14:49