Речиси 90 отсто од жителите на Холандија се задоволни од својот живот, подеднакво од двата пола, објави денеска холандскиот Централен завод за статистика.

Незадоволство од животот изразиле два отсто од испитаниците, додека 12 проценти дале неутрален одговор.

На испитаниците првпат им било поставено прашањето како гледаат на општеството.

Малку повеќе од половина позитивно се изјасниле за холандското општество, додека останатите испитаници го оцениле како негативно или многу негативно.

Во првата група воглавно биле млади, а во втората група главно повозрасни и нискообразовани Холанѓани.

Холандија веќе подолго време котира високо во годишниот извештај на ОН за среќа.

Холанѓаните годинава го заземаа петтото место на светската листа, а во оценката на својата среќа ги престигнаа жителите на Финска, Норвешка, Данска и Исланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 15:01