На денешната средба на киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков со рускиот колега Владимир Путин во Бишкек потпишан е протокол за измени на Договорот за условите за користење на руска воена база во Киргистан.
Измените воглавно се однесуваат на одредени организациски прашања, но и за трошоците за изнајмување на територијата и објектите каде ќе биде дислоцирана базата.
– Руската воена база во Киргистан претставува важен фактор на безбедноста и стабилноста на цела Централна Азија, изјави Путин.
Руската база Кант во Киргистан отворена во 2003 година како авијациска компонента за потребите на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ).
Главната задача на базата е да пружи поддршка од воздух на целокупниот регион на Централна Азија, поради што се лоцирани авиони Су-25СМ и хеликоптери Ми-8МТВ.