Сестрата на Мајкл Џексон, Ла Тоја пред скоро 30 години проговоре за наводното сексуално злоставување од нејзиниот татко во детството. Тоа е повторно актуелно оти пред неколку дена таа изјави и дека нема да го брани својот брат од обвинувањата за педофилија.

Ла Тоја во 90-тите години на минатиот век раскажуваше како нејзиниот татко Џо Џексон сексуално ги злоставувал неа и нејзината поголема сестра Реби. Освен тоа, според кажувањата, нивната мајка Кетрин знаела за тоа.

– Кога татко ти излегува од креветот што го дели со мајка ти и легнува покрај својата ќерка, па ја слушаш мајка ти како вели „Немој, Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори“, тоа те излудува, изјави Ла Тоја во интервју од 1991 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 16:48