Лажните вести проширени на социјалните мрежи дека Роми „краделе деца“, иницираа насилни напади врз припадници на ромската заедница во парискиот регион, поради што се приведени дваесетина лица, јави дописникот на МИА.

На притворените ќе им се суди по скратена постапка под обвинение за намерно предизвикување на насилство и уништување на добра со подметнување пожар.

Тие се товарат дека вооружени со ножеви и стапови во понеделникот учествувале во „казнена експедиција“ против припадниците на ромската заедница во дивата населба Клиши су Бус.

И додека медиумите, владата, префектурата и градските власти се обидуваат да ги спречат гласините за наводните крадења на деца, жителите на Клиши су Бус во текот на ноќта организираа ноќни стражи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 17:57