Руски војници во Венецуела учествуваат во спроведување на договорите во областа на воено-техничката соработка и тие ќе останат во земјата толку долго, колку што е потребно, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додаде дека со стационирањето свои војници во Венецуела, Русија не го менува балансот на силите во регионот и не се заканува никому, „за разлика од некои граѓани во Вашингтон“.

Изјавата на Захарова претставува реакција на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Русија треба да излезе” од Венецуела, како и на најавата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео дека Вашингтон не планира да преговара со властите во Каракас и сака да стави крај на влијанието на Русија и Куба врз земјата.

– Ниту Русија, ниту Венецуела не се провинции на САД, рече Захарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 18:16