Германската Влада најави дека ќе ја продолжи за уште шест месеци забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија, која придонесе за затегнување на односите со европските извозници на оружје со кои германските компании соработуваат.

Забраната што Берлин ја воведе по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ја критикуваа европските сојузници, бидејќи ги доведе во прашање заедничките воени нарачки вредни повеќе милиони евра.

Таквата одлука предизвика несогласувања во владејачката германска коалиција.

– Забраната ќе биде продолжена за уште шест месеци, до 30 септември, изјави портпаролот на Владата, Штефан Зајберт.

Во тој период, како што додаде, нема да се одобруваат нови барања за извоз.

Меѓутоа, во напорите да ја намали загриженоста на француските и британските партнери, Берлин исто така одобри продолжување на веќе постоечките извозни дозволи за десет месеци.

Германската Влада ги повика Франција и Германија да овозможат ниту еден вооружен систем испорачан во Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати да не заврши во конфликтот во Јемен.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 11:03