Сакаме да ја информираме јавноста дека во недела (31.03.2019 година), во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.
Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА). Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“.