Жител на Брвеница објавил видео со заканувачка содржина на Фејсбук, па завршил во тетовската полициска станица, информира МВР. Вчера предвечер, нешто пред 20 часот полициски службеници во Тетово го лишиле од слобода Ж.Г. (46) од село Брвеница. Тетовецот дента околу 15.00 часот на Фејсбук објавил видеоклип со заканувачка содржина.

Ж.Г. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 11:36