Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека најверојатно ќе разговара за венецуелската криза со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг.

-Најверојатно ќе разговараме во одреден момент. Ќе разговарам со многу луѓе, можеби со претседателот Путин, можеби со кинескиот претседател Си, рече Трамп.

Американскиот претседател се огласи откако Белата куќа ги предупреди Русија и другите земји што го поддржуваат претседателот Николас Мадуро, да не испраќаат војници и воена опрема во Венецуела.

Кремљ вчера го одби барањето на Трамп, Русија да се повлече од Венецуела, објаснувајќи дека руските акции се легални и во согласност со договорот што Москва го има со легитимната влада на таа земја.

Трамп претходно ја повика Русија да се повлече од Венецуела и истакна дека, за остварување на таа цел, „сите опции се отворени”



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 12:01