Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина најави дека е подготвена да испорача хуманитарна помош за Венецуела и побара од шефот на државата Николас Мадуро и лидерот на опозицијата и привремен претседател Хуан Гуаидо да не се мешаат во тоа.

Претседателот на Федерацијата Франческо Рока изјави дека испораката на хуманитарна помош за околу 650.000 луѓе во Венецуела може да почне за 15 дена.

Рока додаде дека Црвениот крст „никогаш не може да прифати мешање од страна“ и оцени дека Венецуела е длабоко поделена земја.

Според него, од суштинско значење е никој да не ја користи распределбата на хуманитарна помош за свои цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 12:05