„Жолтите елеци“ повторно испратија повик за мобилизација и оваа дваесетта по ред саботата во акција против Владата, додека од другата страна властите повторно ги забранија протестите во Париз и во други градови (Сент Етјен, Епинал, Руан), со цел да се спречи насилство од т.н. „црни блокови“, јавува дописникот на МИА.

Градоначалникот на Бордо, бастион на „Жолтите елеци” во југозападниот дел на Франција, вчера ги повика жителите и трговците да го претворат градот во „мртов град”, без никакви активности.

Во Тулуз се најавени зајакнати безбедносни мерки, со предупредување дека „ е очигледна желбата на некои групи, насилни и многу решени да предизвикаат значителни нарушувања на јавниот ред.“

Во Париз, протестите повторно беа забранети на Шанзелизе и под Триумфалната порта, како и во пошироката област, вклучувајќи ја Елисејската палата и Националното Собрание. Но, повиците за собири на плоштадот Шатле, Источната железничка станица и плоштадот Трокадеро, се преку социјалните мрежи.

Анти-глобализистичката организација Атак, повика утре да се истакнат знамиња на мирот во боите на виножитото за поддршка на нејзината портпаролка Женевиев Леге, која беше повредена при интервенција на полицијата во Ница. Во Ница се очекува демонстрантите да се соберат од 13:30 на железничката станица.

Во Авињон град на југоистокот на Франција се најавува националната главна демонстрација на „Жолтитете елеци“ преку социјалните мрежи. Повикувајќи се на „предвидливо присуство на припадниците на насилни милитантни групи”, префектурата од Воклуз ги забрани сите собири или демонстрација од 09:00 до полноќ во центарот на градот и на периферијата.

Протести се најавени во Марсеј, Рен, Каен, Руан, Монбјелијард), Стразбур или Ница. Државниот совет вчера ја одби жалбата на Лигата за човекови права и на повеќе адвокати со кои се бараше повлекување на декретот со кој казната за учество на забранети демонстрации се зголеми од 35 на 135 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 12:41