Гласачите во Словачка денеска ќе го изберат новиот шеф на државата во вториот круг од претседателските избори.

Активистката за животна средина Зузана Чапутова и потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович, се кандидатите кои влегоа во вториот круг од изборите.

Ако биде избрана Чапутова, таа ќе биде првата жена претседател на Словачка.

Чапутова освои 40,6 отсто од гласовите во првиот круг пред две недели, додека Шефчович беше далеку зад неа со 18,7 отсто од гласовите.

Чапутова ги привлече гласачите кои се презаситени од корупција и „мејнстрим” политика.

Шефчович е дипломат, поддржан од левичарите.

Победникот на денешните избори ќе стане петтиот шеф на државата по осамостојувањето на Словачка во 1993 година.

Актуелниот претседател Андреј Кишка не се кандидираше за втор мандат.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 13:13