Во надојдените води во западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 32 луѓе, а 12 се водат како исчезнати, изјави денеска портпаролот на националната Канцеларија за управување со катастрофи, Хасибула џир Хани.

Тој додаде дека при поплавите уништени или оштетени се повеќе од 700 домови.

– Поплавите предизвикани од обилните дождови почнаа да се шират во четвртокот и предизвикаа разурнување во седум провинции, посочи Хани.

Поплавите уништија и одредени историски локации, илјадници хектари земјоделско земјиште, како и мостови и автопатишта.

И соседен Иран исто така е погоден од поплави.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 15:38