Американскиот сенатор од демократите Џеф Меркли, синоќа поднесе во Конгресот предлог-закон за укинување на „длабоко неправедниот“ систем на индиректни избори преку така наречениот Изборен колеџ, и воведување на директни избори за претседател на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Во соопштението до јавноста сенаторот истакнува дека „дојде време да се стави крај на недемократскиот Изборен колеџ и да тргнеме кон директно изборно гласање на граѓаните на САД, независно дали тие живеат во Портленд (сојузна држава Орегон) или Порторико“.
За потсетување, американските гласачи на претседателските избори не одлучуваат директно, туку тие само го заокружуваат името на кандидатот што го поддржуваат. Конечниот резултат го утврдува 538-члениот Изборен колеџ, кој формално го избира претседателот.
Изборниот колеџ во САД е воспоставен во 1787 година од авторите на Уставот, како компромис меѓу оние што сакаа јавно гласање и оние што сакаа Конгресот да го избере претседателот.
Една од целите е да се заштитат правата на помалите држави, спречувајќи тие да бидат под доминација од оние со поголема популација. Тоа е причината зошто денес за секоја од 50-те американски држави бројот на така наречени електори и еднаков на бројот на членовите на Конгресот од таа држава. Калифорнија, најнаселената држава, има 55 електори. Двајца американски сенатори како и сите преостанати држави, плус 53 членови на Претставничкиот дом од Калифорнија врз основа на нејзиното население. Државите со најмала популација имаат три електори: два за американските сенатори на државата и еден за нејзиниот единствен член на Претставничкиот дом.
Вашингтон Ди-Си не е сојузна држава туку специјален федерален дистрикт. Со тоа и нема ниту еден сенатор ниту застапеност за гласање во Конгресот на САД. Но, со 23 амандман на Уставот на САД, на дистриктот Колумбија и беа доделени три избирачи во Изборниот колеџ. Предлог-законот на Меркли повикува на уставни измени за укинување на Изборниот колеџ, а шефот на државата да се избира во директно, народно гласање.
За потсетување, на претседателските избори во 2016 година победи милијардерот Доналд Трамп, кандидат од Републиканската партија, кој освои 304 гласа од Изборниот колеџ, наспроти 227 кои гласаа за неговата соперничка Хилари Клинтон. Притоа за Трамп директно гласаа три милиони граѓани помалку отколку за Клинтон (за која гласаа 48,07 отсто од граѓаните, наспроти 45,99 проценти кои гласаа за Трамп). Иако тоа не беше пречка Трамп да биде прогласен за претседател.
Укинување на овој изборен систем минатата недела побара и Елизабет Ворен, уште еден сенатор од демократите, претставник од Масачусетс.
Трамп од своја страна пак го поддржува Изборниот колеџ,
Директни избори за претседател постојат во повеќе претседателски репубилики како Франција или Русија, такви се изборите за претседател и во Северна Македонија. Во Германија и во Велика Британија, претседателите се избираат во Парламенот.