Осудениот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман објави дека планира да покрене модна марка од затвор, кој би го носел неговото име.

Ел Чапо инспирацијата за новиот бизнис ја пронашол во своите ќерки, седумгодишните близначки, а со модната марка ќе раководи неговата сопруга Ема Коронел Аиспуро.

Облеката со потпис на еден од најголемите шверцери на дрога на сите времиња набрзо би можела да биде достапна во САД и во Мексико.

Ел Чапо, кој минатиот месец е прогласен за виновен за илегална трговија со наркотици, перење на пари и нелегално поседување на огнено оружје, потпиша документи со кои му се одобрува комуникација со надворешниот свет.

– Овој проект е идеја што јас и Хоакин ја развиваме долго време. Пред да отиде во САД, многу разговаравме на оваа тема, изјави Ема Коронел Аиспуро.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 11:53