Екстремисти утрово истрелаа пет ракети од Појасот Газа врз Израел, соопшти израелската армија еден ден по масовните палестински протести долж границата.

– Тенковите гранатираа пунктови на Хамас како одговор на проектилите, се наведува во соопштението на израелската армија.

При нападот нема повредени лица. Ниту една палестинска организација не презеде одговорност.

Во текот на вчерашните протести на границата помеѓу Појасот Газа и Израел загинаа четворица Палестинци, од кои тројца тинејџери, а десетици се повредени од огнено оружје. Израелската армија демантираше дека употребила боева муниција.

Ракетирањето на Израел ги поткопува напорите на Египет за постигнување договор, за кој лидерите на Хамас се надеваат дека ќе ја ублажи израелската и египетската блокада за Појасот Газа.

И покрај ракетирањето, Израел денеска ги отвори двата гранични премини Керем Шалом и Ерез во Појасот Газа. Керем Шалом е отворен за превоз на стока, а Ерез за лицата кои имаат дозволи за риболов.

Поради блокадата, невработеноста во Појасот Газа се искачи над 50 проценти, а има недостиг на електрична енергија и вода, а на Палестинците отежнато им е патувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 13:04