Актерката Памела Андерсон на Твитер објави дека и недостигна нејзиниот пријател Џулијан Асанж.

Пред неколку години медиумите објавија дека Андерсон е во врска со основачот на Викиликс. Таа често го посетуваше Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој доби заштита и азил.

Но, извесен период не се дозволени посети на Асанж.

– Не ми е овозможено да го посетам Џулијан речиси една година. На сите ни недостига неговиот глас. Ми недостига неговата насмевка, неговата немирна насмевка и неговата детска љубопитност. Тој е единствен – силен и посветен човек. Ти благодарам за твојата жртва. Знам дека си добро и оти ќе те видам повторно, наведе Андерсон на Твитер.

Таа упати апел до јавните личности да се обидат да му помогнат на Асанж.

Андерсон е во врска со фудбалерот Адил Рами, кој е 18 години помлад од неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 13:13